Мурињо пречкртал тројца фудбалери, еден од нив дојде летово
Особено е интересна ситуацијата на десната бековска позиција. Реал располага со фудбалери ангажирани за да ја засилат конкуренцијата на таа страна, но наместо да им даде континуитет, португалскиот стратег наводно пронашол поинакво решение.
Во центарот на вниманието е Федерико Валверде, кој на неколку натпревари беше користен како десен бек. Уругваецот, иако по природа е играч од средниот ред, со својата физичка подготвеност, борбеност и тактичка дисциплина му нуди на тренерот дополнителна опција во одбраната.
Таквата одлука може да биде лоша вест за Трент Александер-Арнолд и Дензел Думфрис, кои се најдоа во ситуација да се борат за минутажа и покрај тоа што се доведени за да ја засилат токму десната страна од одбраната.
На листата на фудбалери со неизвесен статус се најде и младиот Тијаго Питарч, кој се обидува да се наметне во првиот тим. Силната конкуренција и високите амбиции на Реал му ја отежнуваат борбата за поголема минутажа.
Нема да биде изненадување ако тројцата го напуштат Реал уште во јануарскиот преоден рок, а најдоцна до крајот на сезоната.