Драма на тренингот на Баерн - Компани колабирал!
Германскиот весник „Билд“ објави дека на тренинг-центарот слетал спасувачки хеликоптер, по што Компани бил пренесен во болница со амбулантно возило.
Веста ја пренесоа и други германски медиуми, но засега нема официјални информации за причината за инцидентот, ниту за здравствената состојба на 40-годишниот стручњак.
Компани неодамна имаше проблеми со вирусна инфекција, но во средата се врати на клупата на Баерн за натпреварот против Арсенал, кој заврши нерешено 2-2. Засега не е познато дали најновиот инцидент ќе влијае врз неговото присуство на следниот дуел на Баерн против Фрајбург.