Судиската комисија потврди: Нема офсајд во вториот гол на Силекс (ВИДЕО)
Се играше 54-тата минута кога Силекс го постигна вториот гол на средбата, но веднаш потоа во таа ситуација помошникот судија сигнализираше офсајд. Сепак, по ВАР-проверката беше утврдено дека нема недозволена позиција, па голот на Хасукиќ остана да важи и тоа се покажа како копнечен резултат.
„ВАР судиите започнаа проверка на ситуацијата во согласност со ВАР протоколот. Со оглед на тоа што стануваше збор за исклучително тесна офсајд-ситуација, беше спроведена детална проверка, вклучително и исцртување офсајд-линии.
По завршувањето на проверката, врз основа на исцртаните офсајд-линии, ВАР судиите утврдија дека нема офсајд-прекршок и му ја соопштија фактичката одлука на главниот судија. По интервенцијата на ВАР, првичната одлука на теренот беше променета, а голот на домашната екипа беше правилно признаен“, информираа од ФФМ.
Кога е останатиот дел од натпреварот во прашање, комисијата оценува дека судискиот тим сосема добро ја одработил задачата.
ВАР ситуацијата со голот на Силекс може да ја погледнете – ТУКА.