Чудесниот Валах доби место и во топ 5 одбрани во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Милош Валах имаше фантастичен настап и со 17 одбрани беше најзаслужен за победата на „црвено-црните“ кај Нант, а една од неговите интервенции се најде во топ 5.

Валах блескаше на голот на македонскиот шампион и одбраната на зицерот во самиот финиш од мечот беше избрана и за трета најдобра во колото.

За вардарци овој триумф беше и прв сезонава во Лигата на шампионите. На листата покрај Валах се најде и поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев на петтата позиција.