Една од најдобрите атлетичарки во светот доби суспензија од шест години!

Атлетичарката од Етиопија, Рути Ага доби шестгодишна суспензија откако истрагата утврди дека доставила фалсификуван лекарски рецепт во обид да го оправда позитивниот допинг тест.

Една од најдобрите атлетичарки во светот била позитивна на забранетата супстанција метилпреднизолон по победата на полумаратонот Мејшан Реншоу во Кина, во март годинава.

Ага тврдела дека лекот ѝ бил препишан од доктор во Етиопија за лекување болки во коленото, истрагата открила дека клиниката наведена во документот воопшто не постои.