Кејн блесна со гол и маестрална асистенција - дербито во Минхен без победник!
Натпреварот во Минхен понуди одличен фудбал и шанси на двете страни, а на крајот ремито можеби е и најреалниот исход.
Прв до водство стигна англискиот гигант кога по 25 минути Ебречил Езе ја погоди мрежата на Мануел Ноер. Но, Баерн брзо се врати, десет минути подоцна, Хари Кејн испрати фантастична долга топка и го пронајде Алфонсо Дејвис кој стрелаше за израмнување.
Со по еден гол и на двете страни се замина на паузата. Еден од главните кандидати за „Златната топка“ кој ќе се доделува во понеделник, Кејн на истекот на еден час игра и самиот се запиша во листата на стрелци погодувајќи од пенал.
По некоја прилика на двете страни, нов гол видовме во финишот од мечот. Деклан Рајс одлично се снајде и по додавањето од Ѓокереш ги постави конечните 2-2 во 82. минута. За Баерн ова е второ реми во низа во Лигата на шампионите по нерешениот резултат со Викинг 3-3 во минатото коло, претходно славеа против Бодо. Арсенал пак во првите две кола славеше против Наполи и Лил.
Реал Мадрид немаше многу проблеми и на свој терен лесно се справи со Лајпциг забележувајќи поебда од 4-1. Стрелци за „кралевите“ беа Силва, Ѓулер, Мбапе и Диоманде. Утешниот гол за гостите беше дело на Гомис во 85-тата минута.
Интер иако играше со играч помалку против Шахтјор по исклучувањето на Бастони во 68-та минтуа сепак славеше со 1-0. „Нераѕурите“ успеаја и со фудбалер помалк да постигнат гол, моментот на одлука се случи во 77-та минута кога во листата на стрелци се запиша Карлос Агусто.
На останатите средби, Клуб Бриж со 3-0 го совлада Ленс, Бетис со 1-0 беше подобар од Фееноорд и ЛАСК го изненади Спортинг на гости со 3-2.