Керик по дебаклот: Навивачите се срцето на клубот, многу им се извинувам (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед вечерва доживеа вистински дебакл во Лигата на шампионите и на гостувањето кај Комо загуби со 4-1, а тренерот Мајкл Керик не го криеше разочарувањето пред новинарите.

Керик ја презема одговорноста и им се извини на фановите.

„Навивачите ми значат неверојатно многу, тие се срцето на клубот и секогаш ќе бидат. Поминуваат многу пат за да нè поддржат...можам само да им се извинам. Нема апсолутно никакви оправдувања. Целосно ја преземам одговорноста за настапот на целиот тим“, порача Керик.

За Јунајтед ова вечерва беше седми натпревар во низа без победа во сите натпреварувања, а во тие дуели „ѓаволите“ имаат четири порази.

Керик на навивачите им се извини и на теренот веднаш по последниот судиски свиреж.