Партизан и Раул по драма во Белград до прв бод во ЛШ

Ракометарите на Партизан предводени од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес го освоија првиот бод во Лигата на шампионите откако вечерва во драматичен натпревар ремизираа на домашен терен со Порто 33-33.

Португалскиот состав на дуелот во Белград речиси цел натпревар имаше предност, но Партизан на три секунди пред крајот даде гол со кој дојде до бод. Херој и стрелец на голот за реми беше Анѓеловиќ.

Сепак, најрасположен за игра беше Никола Црноглавац кој постигна осум гола, додека кај Порто Педро Оливеира броеше до шест.

Во претходните три кола Партизан загуби двапати од Веспрем, Фуксе Берлин и од Порто во првата нивна средба сезонава.

На останатите средби во истиот термин, Динамо Букурешт беше убедлив над Скандерборг со 37-23, Загреб го изненади ПСЖ со 29-28 и Веспрем беше подобар од Фуксе Берлин со 39-35.