Нови детали за повредата на Олмо: Познато е дали ќе игра во „Ел Класико“

Барселона се соочува со нов проблем пред големото дерби против Реал Мадрид, откако Дани Олмо се повреди на дуелот против ПСЖ (2-4) во Лигата на шампионите (ЛШ).

Според првичните информации, постои сомнеж дека го скинал адуктор на левата нога, а тоа значи дека би можел да биде надвор од терените четири до пет недели.

Фудбалерот треба да направи магнетна резонанца во Барселона, по што ќе биде познато за каква повреда станува збор и колку време ќе паузира, но доколку се потврдат шпекулациите, тогаш Олмо нема да игра во „Ел Класико“.

„Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 25 октомври.

Фото: Facebook/FC Barcelona