Хаос на меч во Србија: Фудбалерите брутално се тепаа, навивачите влетаа во терен (ВИДЕО)

Натпреварот од Колубарската окружна лига помеѓу екипите на Трлиќ и Јуниор од Ново Насеље е прекинат поради масовна физичка пресметка на теренот.

Во моментот на инцидентот, гостинската екипа имаше предност од 1-0. Ситуацијата целосно излезе од контрола откако физичкиот судир меѓу играчите ескалираше, а кулминацијата на хаосот се случи кога на тревникот влетаа и дел од навивачите, што доведе до неизбежен прекин на средбата.

Драматичните сцени започнаа по досуден прекршок, по кој следеше вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу двајца фудбалери. Почетното меѓусебно туркање за кратко време прерасна во жестока тепачка со размена на тупаници, во која се вклучија и останатите актери на теренот. Безбедносната ситуација дополнително се влоши кога револтирани поединци од публиката ја прескокнаа оградата и влегоа на теренот за да се вклучат во нередите.