Мајсторијата на Сила доволна за бод на Тиквеш во Гостивар
Двата гола беа постигнати во финишот од првиот дел, мрежата на гостите прво се тресеше во 24-тата минута, но тој гол беше поништен по реакција на ВАР. Сепак, се беше чисто во 38-та минута кога домашниот состав го отвори резултатот преку Лорик Каба.
Тиквеш веднаш по примениот гол тргна офанзивно по израмнување и до него дојде во третата минута од судиското продолжение во првиот дел. На сцена стапи фантастично Сила кој со мајсторски удар од далечина го матираше голманот Силјановски.
За Африканецот тоа беше осми гол сезонава со што се искачува осамен на врвот на листата на стрелци, пред вардарецот Закариќ кој е на седум.
Второто полувреме донесе помирна игра, како двете екипи повеќе да внимаваа на својот гол, па така и мрежите мируваа.
На табелата Тиквеш е со 17 бода, зад Вардар и Струга кои имаат по 20, лидер е Шкендија со 23, Арсими пак во долниот дел на осмата позиција е со 10 бода колку што има и Брегалница.