Неверојатно: Само Тотнем нема победа од 164 екипи во првите седум англиски лиги
Имено, лондонскиот клуб е единствен од 164 екипи во седумте ранга на англискиот фудбал кој и понатаму нема победи.
Сите останати 163 екипи во седум професионални лиги имаат барем еден триумф и тоа е ситуација која сигурно прави дополнителен притисок врз тренерот Де Зерби.
Идеални ситуација ова да се промени, „петлите“ ќе имаат вечерва против Ковентри. Сепак избраниците на Лампард кај Тотнем гостуваат со две победи во низа против Нотингем 1-0 и Њукасл дури 4-1 во минатото коло.
Тотнем досега во шест дуели е со учинок од три нерешени и три порази. Натпреварот во Лондон се игра во терминот од 21:00 часот.