Фадуил го наполни голот на Бутел, Вардар и понатаму без грешка!

Ракометарите на Вардар стигнаа и до седмата во исто толку натпревари од почетокот на сезоната откако денеска го совладаа Бутел со 38-30.

Со овој триумф избраниците на Чупиќ дојдоа до 14 бода и се вратија на првото место на табелата. Вардар од самиот старт покажа во каква насока ќе оди натпреварот и не дозволи Бутел и Стоилов да се надеваат на некакво изненадување.

По првото полувреме на семафорот стоеше 20-15, а актуелниот шампион лесно ја одбрани сигурната предност и во вториот дел за на крај да слави со осум голови разлика.

Посебно расположен за игра кај Вардар беше Матео Фадуил кој средбата ја заврши со 14 гола. Во редовите на Бутел се истакна Лука Јовиќ со седум гола.