„Нашиот“ Кулушевски по 526 дена пауза се враќа во составот на Тотнем!

Дејан Кулушевски повторно ќе биде во комбинација за настап по пауза од повеќе од 17 месеци. Шведскиот репрезентативец се очекува да биде на клупата за резервни фудбалери на Тотнем на натпреварот против Ковентри.

Кулушевски последен пат беше во конкуренција за официјален натпревар пред 526 дена, а долгото отсуство беше последица на сериозна повреда на коленото, поради која мораше да помине низ операција и продолжен процес на рехабилитација.

Тренерот Роберто Де Зерби потврди дека медицинскиот тим дал „зелено светло“ за враќањето на Кулушевски во натпреварувачкиот состав. Станува збор за шведски интернационалец со македонско потекло, кој има играно за младинските селекции на Македонија.

Враќањето на 26-годишниот фудбалер доаѓа во тежок момент за лондонскиот клуб. Тотнем ја започна новата сезона во Премиер-лигата со шест натпревари без победа, а Де Зерби се соочува и со дополнителни проблеми со повредени играчи.

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur