Манчестер Сити не се предава: Гигантот имал докази со кои ќе ја урне пресудата

Манчестер Сити продолжува да се бори против пресудата со која беше прогласен за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер-лигата.

Англискиот клуб верува дека располага со докази со кои може да ги оспори обвинувањата на независната комисија и да избегне тешка санкција.

Според информациите на британски „Телеграф“, правниот тим на Сити смета дека во пресудата има суштински грешки во толкувањето на финансиските податоци и комерцијалните договори.

Клубот поднесе жалба и бара повторно разгледување на документите, сметководствените записи, договорите поврзани со владата на Абу Даби и исказите на сведоците.

Како дел од одбраната, Сити наводно ќе се повика на банкарски изводи, официјална државна документација и потврди од спорниот период.

Да потсетиме, Независната комисија претходно го прогласи Сити за виновен за прекршувања на финансиските правила во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18

Фото: Facebook/Manchester City