Гаштаров израдува Македонци во Швајцарија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров вчера со Црвена Звезда доживеа пораз од Лугано на отворањето на новата сезона во Конференциската лига и покрај тоа што беше еден од подобрите на теренот и асистираше за првиот гол на својот тим.

Гаштаров последниот месец е стандарден во белградскиот тим, а дебитираше и за репрезентацијата на Македонија, па неговата популарност е поголема од ден на ден.

Натпреварот во Лугано го следеа и Македонци кои живеат во Швајцарија, а семејството со мало детенце по завршувањето на мечот доби подарок од Гаштаров - дресот со кој тој го одигра мечот.