„Торцида“ ги величеше Хитлер и Аушвиц - Хајдук е пред исфрлање од Европа!
Наместо фокусот да биде ставен на враќањето на Хајдук во Европа по долги години чекање и гостувањето на големиот противник, на вчера на улиците на Сплит се случи инцидент кој ги надмина сите спортски и човечки граници. За време на организираната навивачка поворка на навивачката група „Торцида“ кон стадионот „Пољуд“, ечеа застрашувачки пораки. Фановите извикуваа морничави пароли меѓу кои „Аушвиц“, „Станувај, Адолф“ и „Ајмо, ајмо, усташи“, фрлајќи огромна црна дамка врз долгоочекуваниот фудбалски настан.
Поради овие застрашувачки испади кои не се гледаат секој ден на фудбалските терени, Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе овој петок ќе покрене официјална истрага против Хајдук и неговите симпатизери. На дневен ред е најстрогата можна санкција, која вклучува потенцијално исфрлање на хрватскиот клуб од европските натпреварувања, што претставува удар кој клубот уште долго ќе го памети поради однесувањето на сопствените навивачи.