Елмас погоди „од соблекувална“ за прв гол во дресот на Аталанта (ВИДЕО)
Елмас ја затресе мрежата по само 45 секунди игра, за водство на Аталанта од 1-0. По тешкиот старт во клубот, ова е одлична вест и за него и за македонската репрезентација која идниот месец ја очекуваат уште два меча во Лигата на нации.
Во Конференциската лига ова е прво коло што значи дека Елмас го постигна и првиот гол за Аталанта на меѓународна сцена во новата сезона.
Погодокот можете да го видите на следниов ЛИНК.