Катастрофа за Рома: По поразот од Реал пристигнаа лоши вести!

Рома доживеа пораз од Реал Мадрид со 3-4 во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ), но лошите вести за италијанскиот клуб продолжија да пристигнуваат и по натпреварот.

Резултатот не е единствена лоша вест за италијанската екипа, која остана и без Ману Коне и Пауло Дибала поради повреда.

Двајцата фудбалери се повредени и ќе мора да одат на дополнителни медицински прегледи за да се утврди колку долго ќе бидат надвор од терените.

Фото: Facebook/AS Roma