Барса е навистина страшна – ѝ се поклони дури и мадридска „Марка“!
Сепак, уште поимпресивен е начинот на кој каталонскиот гигант ги остварува победите. Имено, Барселона ги завршува натпреварите со голема гол-разлика, а поради моменталната форма се поставува прашањето дали воопшто некој може да ја запре победничката серија на каталонскиот гигант.
„Марка“, весник кој инаку е наклонет кон Реал Мадрид, уште еднаш ја пофали играта на Барселона, истакнувајќи дека статистиката ја потврдува доминацијата.
„Екипата оствари десет победи на десет одиграни натпревари и постигна 43 гола. Со просек од 4,3 погодоци по натпревар, Барселона не само што победува, туку тоа го прави на исклучително убедлив и ефикасен начин. Целта на Флик беше формата од домашното првенство да ја пренесе и на европската сцена, што екипата и го оствари“, наведува „Марка“.
Да потсетиме, во првите две одиграни кола од Лигата на шампионите, Барселона забележа убедливи победи против Феенорд и Галатасарај, постигнувајќи вкупно девет гола.
Барселона наскоро ќе има можност повторно да ја потврди својата форма. По саботниот првенствен натпревар против Бетис, за засега совршениот тим следуваат два големи испити, дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите и големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид.