Шок за Баерн Минхен: Викинг води со 2-0 против гигантот (ВИДЕО)

Фудбалерите на германскиот шампион Баерн Минхен доживеаја вистински шок во првото полувреме на гостувањето кај Викинг бидејќи има негатива од 0-2.

Викинг искористи еден удар од аголот, откако во казнениот простор на Баерн најдобро се снајде Џани Стенснес и ја затресе мрежата на гостите за 1-0. 

Баерн ја презема иницијативата и почна да врши притисок со цел да стигне до израмнување, меѓутоа доживеа нов шок во 38. минута кога Петер Кристијансен погоди за 2-0.