Фудбалер на Хетафе го провоцираше Јамал: Ти сакаш да играш за Мароко (ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал бурно реагираше на провокациите од Абделкабир Абкар за време на натпреварот од осмото коло во шпанското првенство.

Дефанзивецот на Хетафе за време на еден прекин дојде до ѕвездата на Барселона и го провоцираше зборувајќи му дека сака да игра за Мароко. 

„Ламин, Ламин, ти сакаш да играш за Мароко. Ламин, ти сакаш да играш за Мароко, го знам тоа“, му повторувал мароканскиот дефанзивец.

Видно изнервираниот Јамал во тој момент го турна и се обиде да се оддалечи, но Абкар продолжил да го следи и да му ги повторува истите зборови. Фудбалерот на Барселона потоа повторно го турна, по што се оддалечил и така го прекинал конфликтот.

Зборовите на Абкар се однесуваа на потеклото на Јамал. Таткото на младиот Шпанец е по потекло од Мароко, додека неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја.

Јамал е роден во Шпанија и уште од најрана возраст настапува за младинските селекции на оваа земја. За сениорската репрезентација на Шпанија досега има забележано 37 настапи, постигнато 11 голови и запишано 14 асистенции.