Хаос во Серија А: Спалети и Пизакане се скараа, па добија црвени картони! (ВИДЕО)

Неверојатни сцени го одбележаа крајот на мечот меѓу Каљари и Јувентус (1-1), откако тренерите Лучано Спалети и Фабио Пизакане влегоа во жестока расправија по последниот судиски свиреж, по што главниот судија им покажа црвени картони на двајцата.

Сè почна во момент кога топката стигна до Пизакане, кој потоа луто ја шутна, а тоа предизвика реакција кај Спалети.

Тренерот на Јувентус му замери на неговиот колега за потегот, но наместо да се смири ситуацијата, меѓу нив почна пожестока вербална расправија.