Јокиќ режира спектакл за 26 минути и со трипл-дабл го урна Чикаго (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно го покажа својот квалитет и имаше одличен настап во претсезонскиот натпревар меѓу Денвер нагетс и Чикаго булс (133-128).

Јокиќ на теренот помина само 26 минути, односно до трипл-дабл стигна за три четвртини. На крајот средбата ја заврши со 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Заедно со Јокиќ на теренот доминираше и Арон Гордон, кој постигна 25 поени и беше најефикасен кошаркар во победничкиот тим.

Иако ова беше подготвителен натпревар, сепак играта на Јокиќ е одлична увертира за следната сезона.

Фото: Facebook/Denver Nuggets