Столе како пантер: Одбраната со која Димитриевски ѝ спаси бод на Валенсија (ВИДЕО)
Освен што имаше осум интервенции, македонскиот репрезентативен голман директно ја спаси Валенсија од пораз на денешниот меч.
Се играше 92. минута кога Сантандер тргна во напад, Пабло Гарсија шутирше од работ на шеснаесетникот, а Димитриевски се фрли како пантер и го одбрани ударот кој ако завршеше во мрежата, веројатно ќе значеше нов пораз и последно место на табелата за Валенсија.