Димитриевски двапати матиран, ама ја спаси Валенсија од пораз (ВИДЕО)
Натпреварот одлично започна за Валенсија, која поведе уште во втората минута. Дани Раба ја искористи шансата по брз напад и донесе предност за гостите, најавувајќи подобро издание на тимот кој се наоѓа во тешка ситуација на табелата.
Сепак, Расинг постепено ја презеде иницијативата и во 32. минута израмни преку Јасир Забири, кој реализираше по асистенцијата на Ињиго Висенте. Веднаш на почетокот на второто полувреме, во 48. минута, Иван Мартин постигна гол за целосен пресврт и водство на домашниот тим од 2-1. Димитриевски повторно беше совладан, а Валенсија се најде пред нов предизвик.
Гостите не се предадоа и со измените од клупата успеаја да го променат текот на натпреварот. Младиот Оторби се покажа како вистински потег, постигнувајќи го голот за конечни 2-2 и спасувајќи бод за Валенсија. Во финишот, домашниот тим направи голем притисок по голот на Валенсија, но „лилјаците“ успеаја да го одбранат бодот благодарение на Димитриевски. Особено беше импресивна неговата интервенција во втората минута од судиското продолжение кога Пабло Гарсија шутираше од работ на шеснаесетникот, но нашиот голман одбрани.
Со ремито, Валенсија го избегна последното место на табелата во Ла Лига и остана на еден бод пред „фенерџијата“ Малага.