Милан повторно разочара и освои бод против Сасуоло (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Милан го запиша третото реми во последните четири натпревари во Серија А, откако денеска освои само бод на гостувањето кај Сасуоло (1-1).

Милан беше подобар тим на теренот во првите 45 минути, но не искористи ниту една од шансите, додека во вториот дел се промени ситуацијата и Сасуоло ја имаше контролата врз играта.

„Росонерите“, сепак, поведоа преку Адриен Рабио во 63. минута, но само пет минути подоцна Одентал стрелаше за 1-1.

По шест одиграни меча, Милан се наоѓа на петтата позиција со 12 бодови, додека Сасуоло е на 10. место со осум поени.

Фото: Facebook/AC Milan