Пелистер се сопна против Беласица и ја прекина победничката серија!
Двете екипи разочараа во нападот затоа што не успеаја да ја затресат противничката мрежа, иако битолчани беа поконкретни во второто полувреме и беа поблиску до победата.
Ова реми значеше прекин на победничката серија на Пелистер, која траеше четири меча по ред, додека Беласица го запиша петтиот нерешен резултат во Втората лига.
Пелистер се наоѓа на делба на втората позиција со 15 бодови, додека Беласица е на петтото место со 11 поени.
Фото: Facebook/FC Pelister Bitola