Фрајбург го надигра Шалке за четврти триумф во Бундес лигата
Домаќинот продолжи со одличната игра во првенството, па до водство против Шалке стигна по само 10 минути кога погоди Егештајн, додека гостинскиот тим ја анулира негативата дури во 30. минута, откако Караман стрелаше за 1-1.
Победата за Фрајбург ја обезбеди Гото во финишот од натпреварот, односно 85. минута кога ја затресе мрежата на Шалке за 2-1.
Фото: Facebook/SC Freiburg