Манчестер сити го распарчи Ливерпул на „Енфилд“ со три гола за 13 минути (ВИДЕО)

Манчестер сити го декласира Ливерпул со 3-0 на „Енфилд“ и ја запиша шестата победа по ред во новата сезона во Премиер лигата со што се зацврсти на врвот со максимални 18 бодови.

Првите 45 минути поминаа без голови, откако двете екипи не успеаја да ги искористат своите шанси и да ја затресат противничката мрежа, меѓутоа продолжението на натпреварот донесе големи возбудувања.

Клучниот момент се случи во 62. минута кога Гравенберх поради два жолти картони беше исклучен, а со тоа го остави Ливерпул со играч помалку на теренот.

Манчестер сити тоа веднаш го искористи и три минути подоцна погоди преку Ерлинг Халанд, а набрзо стрелаа и Жереми Доку и Рајан Шерки за победа од 3-0.

„Граѓаните“ се лидери во лигата со 18 бодови, додека Ливерпул е на деветтата позиција со девет поени.

Фото: Facebook/Manchester City