Сидорф по седум години ѝ се враќа на тренерската работа!

Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф е нов тренер на бразилски Коринтијанс, откако клубот соопшти дека потпишале договор до крајот на 2027 година.

Сидорф се враќа на тренерската работа по пауза од седум години, а го чека тешка задача да го спаси клубот од испаѓање од лигата.

„Да се преземе овој предизвик е голема чест, но и одговорност. Овде сум за да дадам сè опд себе и да изградам екипа која ќе се бори за секоја топка, секоја минута и секоја победа“, кажа Сидорф.

Поранешниот фудбалер ја почна тренерската работа во Милан во 2014 година, па работеше во Шенжен, Депортиво Ла Коруња и Камерун.