Интернационалецот Стојчевски се повлече од судењето: Не сакам моите најблиски да страдаат од невистини и шпекулации!
Стојчевски во изминатите денови беше често пати споменуван во негативен контекст во јавноста, посебно по пријателскиот натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Русија (2-3) во Скопје и досудените пенали на таа средба.
Како што објави Стојчевски, тој веќе ја информирал Фудбалската федерација на Македонија за својата одлука.
„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки фамилијарни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски со невистини и манипулации што се шират во јавноста, стои во објавата на Стојчевски.
Инаку, Стојчевски во април оваа година беше избран да избран да учествува во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за актуелната сезона.
