Најдобриот стрелец во Серија А доби црвен картон, Комо и Рома ремизираа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо и Рома во првиот натпревар од денешната програма во Серија А ремизираа 0-0.

Поблиску до победата денеска беа избраниците на Сеск Фабрегас кои упатија повеќе удари и имаа повеќе шанси да постигнат гол. Сепак, на крајот мораа да се задоволат со бод.

Свои моменти имаа и гостите од Рим кои мораа да играат со играч помалку од 53. минута. Директен црвен картон заработи најдобриот стрелец во лигата, Мален кој од почетокот на сезоната постигна шест погодоци.

Комо не успеа да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, па двете екипи освоија по бод.

На табелата Рома е второпласирана со 14 бода, додека Комо е шести со 11 бода.