Винисиус се извини, па направи потег со кој ја разбесни Шпанија (ФОТО)

Винисиус Жуниор е во центар на внимание по победата на Реал Мадрид против Виљареал (1-0). Бразилецот доби црвен картон, по што им се извини на навивачите и соиграчите, но потоа сподели објава на Инстаграм со која предизвика нова бура.

Реал славеше со 1-0, но натпреварот го одбележа контроверзниот момент од 72. минута. Домашниот тим постигна гол, но по прегледувањето на снимката со помош на ВАР, погодокот беше поништен поради повлекување за коса на противничкиот фудбалер Нејтан Салиба.

„Извинување до мојот тим и навивачите“, напиша бразилскиот фудбалер по мечот во Мадрид.

Сепак, тука не заврши неговата реакција. Винисиус подоцна сподели објава со фотографии од ситуации во кои смета дека бил фаулиран или неправедно санкциониран, придружена со порака дека токму тој често добива жолти и црвени картони.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.