Јунајтед не го победи Тотнем и со играч повеќе - полош старт немал 40 години! (ВИДЕО)
Првото полувреме не навестуваше ваква завршница. Манчестер Јунајтед беше речиси безопасен во нападот, додека Тотнем имаше поголема контрола врз играта и создаде неколку добри шанси. Сепак, ниту една од нив не беше претворена во гол, па на паузата мрежите мируваа.
Во вториот дел домаќините ја презедоа иницијативата, но долго време не успеваа да ја конкретизираат предноста во играта. Отпорот на Тотнем беше скршен во 73. минута, кога Мбеумо ја затресе мрежата по асистенцијата на Куња за водство на Јунајтед од 1-0.
Само пет минути подоцна, ситуацијата дополнително се искомплицира за гостите. Бентанкур доби директен црвен картон за удар со глава на Лук Шо, па Тотнем мораше да го доигра натпреварот со десетмина фудбалери.
Се чинеше дека домаќините рутински ќе ја приведат средбата до крај, но во судиското надополнување следуваше вистински шок за навивачите на Јунајтед. Соланке, по додавањето на Тонали, постигна гол за конечни 1-1 и му донесе голем бод на Тотнем
Со ова реми, Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата од четири првенствени натпревари без победа. По шест одиграни кола, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 12. место на табелата и го имаат најлошиот старт во Премиер лигата во последните 40 години, додека Тотнем се искачи на 18. позиција.