Тензии во дербито: Бентакур со глава го удри Лук Шо (ВИДЕО)

Финишот од натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем донесе тензии во кои исклучување заработи Родриго Бентакур.

Уругвајскиот фудбалер по еден остар старт влезе и во дуел со Лук Шо кого во стилот на Зидан со глава го удри во носот. Судиите тоа го забележаа и предвреме го испратија во соблекувалната, додека фудбалерот на Јунајтед помина само со жолт картон.