ФИФА прави преседан: СП ќе се игра во непарна година!?
Поради високите температури не посоти можност да се одржи турнирот во традиционалните летни месеци, а во игра е сценарио според кое турнирот би завршил дури во 2035 година.
ФИФА бара алтернативен термин поради високите температури, но и празниците и Зимските олимписки игри ќе бидат предизвик поради кој организацијата ќе мора да најде решение кога да се одржи турнирот.
Поради сите наведени настани и околности, планот бил турнирот да почне на крајот на 2034 година, а да заврши на почетокот на 2035 година.