Aлварез го избрка човекот кој не го однесе во Барселона
Аргентинскиот напаѓач на крајот остана во Атлетико Мадрид, а сега неколку месеци подоцна повлече неочекуван потег.
Алварез ја прекина соработката со својот долгогодишен агент Фернандо Игалдо, а неговото семејство сега бара дискретен и доверлив менаџер, пишува шпанскиот медиум „Релево“.
Аргентинецот бил толку убеден дека ќе се пресели во редовите на каталонскиот гигант, што дури и пред камерите и микрофоните не ја криел желбата да го напушти Мадрид. Тоа го изрази и за време на Светското првенство, на кое неговата репрезентација стигна до финалето.
И покрај неговите желби, но и интересот на Барселона да го доведе 26-годишниот напаѓач во своите редови, челниците на Атлетико реагираше и направи сè што е во нивна моќ за Алварез да не заврши во таборот на директниот ривал.
Навивачите на Атлетико, очекувано, не останаа рамнодушни на случувањата, па Алварез редовно беше пречекуван со свирежи каде и да се појавеше.
На Игалдо, пак, му бил забранет влезот во тренинг-центарот „Серо дел Еспино“ во Махадаонда, а прекинот на соработката со аргентинскиот напаѓач бил очекуван од повеќе причини.