Синот на Роналдо може да ја промени репрезентацијата поради скандалот

Кристијано Роналдо како што е добро познато влезе во жесток конфликт со Жорге Жесус поради што ја напушти португалската репрезентација, а медиумите сега пишуваат дека и синот на Роналдо би можел да биде вклучен во целата ситуација.

Имено, Кристијано Жуниор во овој момент настапува за младинските репрезентации на Португалија, но наводно тоа би можело да се промени поради конфликтот на неговиот татко. 

Тој има право да игра за Шпанија, каде што помина повеќе од пет години, но и за САД, со оглед на тоа што е роден во Калифорнија. Трета опција е репрезентацијата на Зеленортски Острови бидејќи неговата баба потекнува од таа земја.

Постои и четврта, засега непозната можност, поврзана со неговата биолошка мајка, чиј идентитет не ѝ е познат на јавноста.