Пекинг оставил трага: Ѓоковиќ се мачеше и првпат загуби од Хуркач (ВИДЕО)
Во Пекинг Ѓоковиќ прикажа одличен тенис, посебно против Зверев и Медведев, а очигледно дека тоа оставило трага врз српскиот ас кој денес изгледаше уморно и без енергија во најголем дел од мечот.
Тргна добро Ѓоковиќ и сигурно на свој сервис, како и Хуркач на спротивната страна, но во финишот од првиот гем веќе почнаа да се појавуваат знаците на замор. Во таква ситуација Хуркач го направи единствениот брејк во десетиот гем и го освои сетот.
Put it in the book 📚 @HubertHurkacz takes the opening set against Djokovic, 6-4. @SH_RolexMasters | #RolexShanghaiMasters https://t.co/IeXrZgkIOZ
— ATP Tour (@atptour) October 9, 2026
Не успеа ниакко да се соземе и да се врати ниту во вториот сет, очигледно беше дека дури и тешко се движи. Полскиот ас тоа го искористи и лесно со 6-3 го освои сетот за конечна победа. Иако и во таква ситуација Новак не се откажуваше и спасуваше неколку брејк топки.
Ќе потсетиме, пред три дена Ѓоковиќ со победа над Де Минор го освои турнирот во Пекинг по седми пат во кариерата. За Хуркач ова беше и прва победа во кариерата против Ѓоковиќ.