Mурињо бесен на новинарите: Очигледно Мбапе е поважен од Роналдо и Сити!
Реагирајќи на критиките упатени кон првата ѕвезда на клубот, „Специјалниот“ сите обвинувања ги нарече смешни.
Мурињо не го криеше незадоволството од третманот што Мбапе и Реал Мадрид го добиваат во јавноста, иронично забележувајќи дека медиумите му посветуваат повеќе внимание на Французинот отколку на другите големи теми во светот на фудбалот.
„Очигледно, неговиот случај е поважен од Манчестер Сити или од тешката ситуација во мојата земја со Кристијано Роналдо и неговиот селектор“, изјави Португалецот.
„Постојат толку многу теми за кои би можеле да пишувате во вашите медиуми, но вие секогаш мора да зборувате за Реал Мадрид.“
Причина за лавината критики беа наводните ноќни излегувања во Париз за време на модната недела, како и снимките на кои Мбапе вози велосипед во Швајцарија додека се опоравува од повредата. Мурињо детално објасни што всушност се случило и остро го осуди медиумското преувеличување на приказните.
Според неговите зборови, заминувањето во Париз не било „лудо ноќно излегување“, туку станувало збор за приватен простор резервиран во рамките на настаните за модната недела. Што се однесува до возењето велосипед, станувало збор за обичен превоз.
„Се создава желба да се бараат проблеми таму каде што ги нема. Приказната за велосипедот во Швајцарија се случи во хотел составен од мали, одделни павилјони. Станува збор само за велосипеди со кои се одело до заедничките простории на тој мирен хотел, а се создаде впечаток како да учествува на трката Тур де Свис“, објасни Мурињо.