Хаос во Србија: Дури 12 репрезентативци одбија да играат за националниот тим!
Дури 12 ватерполисти одбиваат да настапат за Србија додека Слободан Соро е на чело на ватерполо сојузот на Србија.
Новиот селектор Владимир Вујасиновиќ разговараше со искусните репрезентативци, но засега не успеа да ги убеди да ја променат одлуката и да се приклучат на селекцијата.
Вујасиновиќ разговарал со капитенот Никола Јакшиќ и ѕвездата Душан Мандиќ, но тие му одговориле дека не планираат да го променат ставот.