Барди емотивно: Македонија секогаш наоѓа сила да се врати!

Македонскиот капитен Енис Барди вечерва се огласи со моќна порака на социјалните мрежи

Репрезентацијата доживеа четири порази во новата сезона од „Б“ дизвијата во Лигата на Нации, Барди признава дека зад него и соиграчите се тешки денови, но порача и дека Македонија ќе најде сила да се врати на вистинскиот пат.

„Дадовме сè од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволно. Многу тешки денови поминавме, за секој беше тешко. Идеме заедно да се вратиме подобри. Само критика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли... Но ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, порача капитенот.

Следните два натпревари за Македонија се во средината на ноември со Шкотска на гости и Словенија дома.