Звезда издоминира во второто полувреме и го прегази Дубаи (ВИДЕО)
Звезда беше во негатива само во првите десетина минтуи, а потоа останатите три четвртина одигра далеку подобро од противникот и заслужено дојде до победата. На одмор белградскиот гигант замина со водство од 37-31 за во второто полувреме целосно да ја преземат контролата и да издоминираат над противникот.
Одличен на паркетот кај српскиот тим беше Нигериецот, Џордан Нвора со 20 поени, додека на спротивната страна 13 поени уфрли Двејн Бејкон.
Звезда во следното коло ја чека уште едно гостување кај Асвел, додека Дубаи ќе ја пречека Басконија.
Во вториот натпревар во истиот термин Макаби на свој терен беше подобар од Милано со 97-79.