Каиседо доби жестока казна: Фудбалерот на Челси возел „ѕвер“ без валидна дозвола!
Репрезентативецот на Еквадор бил запрен во близина на тренинг-центарот на Челси додека управувал со своето возило „Ауди“, чија вредност се проценува на 160.000 фунти.
Полицијата при проверката утврдила дека Каиседо нема валидна дозвола за возење во Велика Британија, како и потребно осигурување за автомобилот.
Судот му изрече висока санкција од осум казнени поени, а тоа го приближи до границата по која може да следи и забрана за управување со автомобил.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club