Зајков: Несреќно примените голови некогаш ќе ни се вратат за добро
Според Зајков, Македонија изгледала добро во првото полувреме, но не успеала да го искористи тој период.
„Почнавме добро, првото полувреме го одигравме солидно, сите голови вечерва беа некако несреќни. Првото полувреме цела екипа бевме солидни, се надевам дека тие несреќни моменти ќе ни се вратат на други натпревари во иднина, треба сите да извлечеме поука од овој натпревар. Видов многу изјави овие денови, стари и млади...во фудбалот немате стари, млади или сте добри или сте помалку добри. Сите треба да се издигнеме од оваа ситуација, знаеме дека на цела јавност ѝ е преку глава, меѓутоа така ни е и на нас и верувам дека со еден позитивен резултат ќе тргнеме кон некои подобри времиња“, изјави Зајков.
На стадионот во Луцерн Македонија вечерва имаше голема поддршка од околу 1.000 навивачи.
„Благодарни сме на публиката, даваме се од себе да им вратиме на некој начин се надевам дека ќе ја оправдаме во следните натпревари“, порача дефанзивецот.
Македонија циклусот во Лигата на Нации ќе го заврши со натпреварите против Шкотска на гости и Словенија дома кои се закажани за кон средината на ноември.