Ивановски поразен во првата рунда на челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да ја помине првата пречка на главниот турнир на челинџерот во Палермо, односно беше поразен од Алехандро Моро Кањас со 0-2 во сетови (2-6 и 3-6).

Ивановски го загуби својот сервис во четвртиот гем (1-3), по што Кањас до крајот на првиот сет успеа да му одземе уште еден гем на Македонецот (2-6).

Кањас беше одличен и во вториот сет, иако македонскиот тенисер даде поголем отпор, но не искористи неколку брејк-топки на противнички сервис, па на крајот Шпанецот славеше со 6-4.

Ивановски до првата рунда на главниот турнир стигна преку квалификациите во Палермо каде што оствари два триумфи.