УЕФА отвори истрага за скандалот на мечот меѓу Ирска и Израел (ВИДЕО)

Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори истрага поради случувањата на натпреварот меѓу Ирска и Израел во Лигата на нации.

УЕФА соопшти дека поставила инспектор за етика и дисциплински прашања по скандалозните потези забележани на средбата.

Медиуми од Ирска претходно објавија дека Демијен Дојл бил плукнат од еден фудбалер на Израел, но претходно капитенот на Ирска одби да се поздрави со неговиот ривал.

Репрезентативците на Ирска, исто така, беа со наведнати глави за време на интонирање на химната на Израел, што предизвика бурни реакции во јавноста.