Потера по англиски репрезентативец: Ќе предизвикал тешка сообраќајка, па бегал од полицијата!

Англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд за малку ќе предизвикал тешка сообраќајка со уште два автомобили додека невнимателно го управувал своето „Ламборгини“.

Пикфорд бил запрен по потера од полицијата, откако претходно игнорирал знак за да пропушти други возила и да се вклучи на улица при што за малку ќе предизвикал тешка сообраќајна незгода.

Инцидентот се случил уште на 14 април, а против голманот на Евертон е почната судска постапка поради невнимателно возење. Пикфорд признал дека е виновен, а на 7 декември треба да се појави пред суд и да ја дознае пресудата.

Според судските документи, полицаецот Рикардо опишал што се случило и зошто Пикфорд е обвинет.

„Бев присутен кога се случи инцидентот. Забележав сино Ламборгини како игнорира знак за пропуштање на возила и се вклучи во сообраќај, при што две возила мораа нагло да запрат за да избегнат тешка сообраќајка“, вели тој.

Полицаецот тргнал во потера по голманот, кој возел со 80 км/ч на место каде што било предвидено да се движи со 48 км/ч.

Фото: Facebook/England football team