Ивановски со втора победа се пласира на главниот турнир на челинџерот во Палермо!
Тој во финалната рунда од квалификациите го изненади првиот носител во квалификациите, домашниот фаворит Федерико Арнаболди (6-4, 7-6). Ивановски одигра исклучително квалитетен и борбен натпревар против италијанскиот претставник.
Откако релативно сигурно го доби првиот сет, вистинската драма се одвиваше во вториот дел од мечот кој мораше да биде решен преку тај-брејк. Македонскиот тенисер покажа огромна ментална стабилност и смиреност во клучните моменти од одлучувачкиот гејм, добивајќи го тај-брејкот со 8-6, резултат кој значеше и дефинитивна потврда за неговото учество во главната фаза на турнирот.
Ивановски противникот во првото коло ќе го добие подоцна денеска, откако ќе се одиграат сите мечеви од квалификациите.